Овоштарство

Научноистражувачка дејност

Научноистражувачката дејност главно се одвива во правец на унапредување и реонирање на овоштарството во Р. Македонија. Во научноистражувачките проекти се обработуваат теми од областа на помологијата, интродукцијата и селекцијата на сорти и подлоги од овошните видови, примена на нови технологии во производството и репродукција на овошните култури,проучување на генетските ресурси и зачувување на биодиверзитетот, проучување на влијанието на климатските промени и сл.

Образовна дејност

Кадарот на Одделението за овоштарство одржува настава на втор циклус студии на студиската програма Органско и биодинамично растително производство.

Апликативна дејност

Одделението за овоштарство изработува апликативни проекти, теми и програми врз основа на стручно-техничка соработка со институции или индивидуални земјоделски производители за подигнување нови насади, одржување насади во род преку спроведување соодветна технологија на производство и сл., програми за оформување на расадници и производство на овошен саден материјал, стручни совети за следливост на расадничко производство и сл., стручни совети и помош при имплементација на глобал-гап стандардите во растителното производство, како и изготвува извештаи од стручни вештачења.

Кадарот врши стручна контрола на производството на метерајал за размножување и саден материјал од овошни растенија на официјално регистрирани снабдувачи во републиката, согласно Законот за семенски и саден материјал на земјоделските растенија и овластувањето на Земјоделскиот институт од страна на МЗШВ.

Д-р

Мелпомена Поповска

Редовен професор

Раководител на одделение

Д-р

Александар Марковски

Редовен професор
Д-р

Ана Селамовска

Редовен професор
Д-р

Виктор Ѓамовски

Редовен професор

Поважни проекти во последните 5 години

2018 – Карактеризација на автохтоните сорти калинка во Република Македонија, УКИМ.

2018 – 2020 – ЕПС Иновативен развојно-истражувачки технолошки систем (Технологија за истражување и развој на нови производи од експандиран полистирен со неограничен изглед и форма). Фонд за иновации и технолошки развој на Р.Македонија.

2019 – Country Programme Strategy for Global Environment Facility Small Grants Programme (GEF SGP) for Operational Phase 7- GEF UNDP.

2019 – Испитување на ‘ртливост каj примероци од различни видови земјоделски култури од ген-банката по одреден период на долгорочна (long term) конзервација, УКИМ.

2020 – 2021 – Creating enabling environments for enhanced climate resilience in agriculture- FAO project ref. TCP/RER/3802.

2021 – Антиоксидативна активност на плодовите од автохтони сорти и популации овошје, зеленчук и грозје, УКИМ.

2021 – Determination of the cost of production (gross margin level) of ten strategically important agricultural products- FAO project.

2021 – Forum for climate change adaptation and start-up opportunities” and the interactive training titled as „Green Start-up Forum”- EIT Food Start-Up Awareness Event.

2022 – Training of implementation of Precise fruit production-EIT Food Start-Up Awareness Event;

2022 – 2023 – Genetic potential of Balkan’s autochthonous cherry genotypes for temperature-adaptable reproductive behavior and nutraceutical value. Fund for science of the Republic of Serbia.

2023 – Истражување на социо-економската состојба кај младите во руралните средини во С. Македонија, УКИМ.

2023 – Call#06/2022 Expert engagement for preparation of Manuel for improved production and quality of apple – UNDP and Macedonian association of agricultural cooperatives.