Д-р Винко Станоев

Редовен Професор

Проф. д-р Винко Станоев дипломирал во 1990 год. на Земјоделски факултет во Скопје, а
магистрирал на истиот факултет во 2000 год., на тема: „Морфолошките и производствените
карактеристики на некои сорти тврда пченица Tr. Durum”. Докторирал во 2007 година на УКИМ
Факултет за земјоделски науки и храна на темата со наслов: „Морфолошки, биолошки и
продуктивни особини на некои хибриди сирак (Sorgum vulgare Pers.) во Скопско”.
Од 1991 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во
Одделението за житни култури. По магистрирањето во 2001 год. е избран за асистент, а по
докторирањето во 2007 година е избран за доцент. Во 2012 год. е избран за вонреден
професор, а во 2017 година за редовен професор.

Денес е редовен професор во Одделението за поледелство.

Научно истражување остварува во областите генетика и селекција на растително
производство.

Изведува настава на втор циклус студии по предметот Органско и биодинамично
производство на поледелски култури.