Д-р Слободан Банџо

Редовен професор

Проф. д-р Слободан Банџо дипломирал во 1981 год. на Земјоделскиот факултет во Скопје, магистрирал на Земјоделскиот факултет во 1989 год., на тема: „Штетна ентомофауна на маслодајната репка во СР Македонија со посебен осврт на Meligethes aeneus Fabr.”.

Докторирал во 1999 година на Факултет за земјоделски науки и храна во Скопје на темата со наслов: „Бадемов семејад (Eurytoma amygdali End.) биологија и распространетост во Македонија со посебен осврт на осетливоста на сортите”.

Од 1985 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент Одделот за заштита на растенијата, Одделение за ентомологија. По магистрирањето во 1989 год. е избран за асистент, а по докторирањето во 1999 година е избран за доцент. Во 2004 год. е избран за вонреден професор, а во 2009 година, за редовен професор. Во периодот од 2002 до 2007 год. бил директор на Земјоделскиот институт, а од 2008 до 2019 година бил раководител на Одделението за заштита на растенијата.

Денес е редовен професор во Одделението за Заштита на растенијата.

Научно истражување остварува во областа ентомологија. Изведува настава на втор циклус студии по предметот Заштита на растенијата во органско и биодинамично производство.