Д-р Лазо Димитров

Научен соработник

Д-р Лазо Димитров, дипломирал во 1999 година на УКИМ Земјоделски факултет во Скопје, а
магистрирал на истиот факултет во 2009 година на тема: „Влијание на кредитната политика врз
комерцијализација и специјализација на индивидуалните земјоделски стопанства во
Република Македонија“. Докторирал во 2023 година на УКИМ Економски факултет во Скопје
на темата со наслов: „Влијание на меѓународните пазари врз цените на земјоделско-
прехранбените производи во Република Македонија”. Од 2013 година е вработен на
Земјоделскиот институт во Скопје, како асистент во Одделението за Агро бизнис, економија и
рурален развој. По докторирањето во 2023 година е избран во научен соработник. Во
периодот од 2019 до 2023 година бил раководител на Одделението за Агробизнис, економија
и рурален развој.

Научно истражување остварува во областите агроекономија и рурален развој