Д-р Јулијана Цветковиќ

Редовен професор

Проф. д-р Јулијана Цветковиќ дипломирала во 1981 година на Природно-математичкиот
факултет во Скопје, а магистрирала на истиот факултет во 1997 година, на тема:
„Спектроскопско испитување на манифестациите на водородното сврзување кај изоморфни
односно изоструктурни кристалохидрати”. Докторирала во 2002 година на Природно-
математичкиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Развој и модификација на методи за
определување на тешки метали во вина со електротермичка атомска апсорпциона
спектрометрија”. Од 1984 год. е вработена во Институт за овоштарство како стручен
соработник, а од 1997 во Земјоделскиот институт во Скопје, како асистент во Одделението за
заштита на растенијата. По докторирањето во 2002 година е избрана за научен соработник. Во
2007 година е избрана за вонреден професор, а во 2012 година, за редовен професор. Во
периодот од 2007 до 2020 год. била раководител на Сектор за образование и наука на
Институтот. Од 2020 година избрана е за раководител на Одделението за заштита на
растенијата.

Денес е редовен професор во Одделението за заштита на растенијата.

Научно истражување остварува во областите аналитичка хемија, безбедност на храна,
заштита на човековата околина.