М-р Иво Митрушев

Асистент истражувач

М-р Иво Митрушев дипломирал во 2013 година на Земјоделскиот факултет при Универзитетот
„Гоце Делчев“ во Штип, каде што и магистрирал во 2019 година, на тема со наслов: „Односот
меѓу некои квалитетни својства на семето и потенцијалот за раст кај пченицата (Triticum
аestivum L.)”. Од 2021 година е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како асистент
истражувач во Одделението за поледелство.

Научно истражување остварува во областа генетика и селекција на земјоделските култури.