Д-р Горан Миланов

Редовен професор

Проф. д-р Горан Миланов дипломирал во 1992 год. на Земјоделскиот факултет во Скопје, а
магистрирал во 1996 год. во Белград, Р Србија на тема: „Ампелографска испитивања као основ
за разврставање и оцену технолошких вредности црних винских сорти у условима
Македоније”. Докторирал во 2004 година на Земјоделскиот факултет во Скопје на темата со
наслов „Влијание на сортата и технолошките постапки врз квалитетот на гроздовата ракија“.
Од 1993 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во
Одделението за винарство. По магистрирањето во 1996 год. е избран за асистент, а по
докторирањето во 2004 година е избран за доцент. Во 2010 е избран за вонреден професор, а
во 2020 година, за редовен професор. Во периодот од 2008 до 2020 год. бил раководител на
одделението за винарство.

Денес е редовен професор во Одделението за винарство.

Научно истражување остварува во областите енологија и технологија на јаки алкохолни
пијалоци.

Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Технологија на вино, Технологија на
јаки алкохолни пијалоци, Сензорна анализа, Применета енологија.