Д-р Емилија Симеоновска

Редовен професор

Проф. д-р Емилија Симеоновска дипломирала во 1993 год. на Земјоделскиот факултет во
Скопје, каде и магистрирала во 1997 год., на тема: „Наследување на некои квантитативни
својства кај хибриди од пченица (Triticum aestivum ssp. vulgare)“. Докторирала во 2008 година
на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје на темата со наслов: „Ефекти од третманот
со гама-зраци кај некои македонски сорти и линии мека пченица (Triticum aestivum ssp.
aestivum)”. Од 1998 год., по магистрирањето, е вработена на Земјоделскиот институт во Скопје,
како асистент во Одделението за житни култури. По докторирањето, во 2009 година е избрана
за научен соработник во истото одделение. Во 2014 година е избрана за вонреден професор, а
во 2019 година, за редовен професор во Одделението за поледелство на Земјоделскиот
институт во Скопје.

Денес е редовен професор во Одделението за поледелство.

Научно истражување остварува во областите житни култури (општи аспекти на производство,
семепроизводство, генетски ресурси), селекција и сортопроучување на пченица и ориз (принос
и квалитетни својства).

Изведува настава на втор циклус студии по предметот Органско и биодинамично
производство на поледелски култури.