Д-р Душко Мукаетов

Редовен професор

Проф. д-р Душко Мукаетов дипломирал во 1989 год. на Земјоделскиот факултет во Скопје, а
во 1996 год. магистрирал на истиот факултет, на тема: „Состав на атсорптивниот комплекс на
почви образувани врз варовник и доломит на планината Јабланица”. Докторирал во 2004
година на Земјоделскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Услови за образување,
генеза и својства на хидоргените црници распространети во Пелагонија”. Од 1989 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во оддел за Поледелство
и градинарство, одделение за наводнување. По магистрирањето во 1997год. е избран за
асистент во одделението за педологија и агрохемија, а по докторирањето во 2004 година е
избран за научен соработник во истото одделение. Во 2009 е избран за вонреден професор, а
во 2015 година за редовен професор. Од мај до декември 2007 година ја вршел функцијата на
Помошник директор во Одделот за поледелство и градинарство на Земјоделскиот институт во
Скопје. Во периодот од јануари до мај 2008 година ја вршел функцијата на в.д. Директор, а од
мај 2008 до мај 2011 година ја вршел функцијата Директор на Земјоделскиот институт во
Скопје. Од 2014-2022 година ја врши функцијата Шеф на Одделението за педологија и
агрохемија, a од 2022 до денес функцијата Шеф на Лабораторија за контрола на квалитет на
почва, ѓубрива и растителен материјал, при УКИМ Земјоделски институт, Скопје.

Денес е редовен професор во Одделението за одделението за педологија и агрохемија.

Научно истражување остварува во областите: физички и хемиски својства на почва, плодност
на почва, деградација на почва, климатски промени и нивно влијание врз почва и растенија,
далечинско сензорирање и дигитално почвено мапирање и др.

Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Климатска варијабилност и ранливост
на органското производство и Законскa регулативa во органското производство.