Д-р Добре Андов

Редовен професор

Проф. д-р Добре Андов дипломирал во 1983 год. на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“,
Земјоделски факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ на
Земјоделски факултет во Скопје, 1987 год., на тема: „Морфолошко–биолошки и хемиско-
технолошки својства на некои сорти ориз одгледувани како прва и како втора култура”.
Докторирал во 2003 година на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, Земјоделски факултет во
Скопје на темата со наслов: „Наследување на квантитативните својства кај хибридите добиени
со циклично крстосување кај оризот (Oryza sativa L.)”. Од 1985 год. е вработен во Институтот за
ориз во Кочани, а од 1999 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад
асистент во Одделот поледелство, Одделение за житни култури. По магистрирањето во 1999
год. е избран за асистент, а по докторирањето во 2003 година е избран за научен соработник.
Во 2008 е избран за вонреден професор, а во 2013 година, за редовен професор и реизбран во
2018 година. Во периодот од 1993 до 1999 год. бил директор на Институт за ориз во Кочани, а
од 1999 до 2006 управител на опитно производниот објект во Кочани. Во периодот од 2009 до
2017 год. бил раководител на Одделението за житни култури, а од 2022 е раководител на
одделението за поледелство.

Денес е редовен професор во Одделението за поледелство.

Научно истражување остварува во областите генетика и селекција на растителното
производство житни култури (ориз и друго).

Изведува настава на втор циклус студии по предметот Органско и биодинамично
производство на поледелски култури.