Д-р Билјана Коруноска

Редовен професор

Проф. д-р Биљана Коруноска дипломирала во 1996 год. на Земјоделски факултет во Скопје, а
магистрирала на Земјоделски факултет во 2001 год., на тема: „Генотипското варирање кај
трпезните сорти винова лоза како основа за нивното облагородување”. Докторирала во 2007
година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, на темата со наслов:
„Ампелографска идентификација, проучување и колекционирање на автохтони сорти винова
лоза во Р. Македонија”. Од 1999 год. е вработена на Земјоделскиот институт во Скопје, како
помлад асистент во Одделот за лозарство и винарство, Одделение за лозарство. По
магистрирањето во 2001 год. е избрана за асистент, а по докторирањето во 2008 година е
избрана за доцент. Во 2018 е избрана за вонреден професор, а во 2023 година, за редовен
професор. Во периодот од 2008 до 2013 год. била именувана за директор на Државната
фитосанитарна лабораторија, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство, Р. Македонија.

Денес е редовен професор во Одделението за лозарство.

Научно истражување остварува во областите: лозарство, ампелографија, органографија,
генетика и селекција на растителното производство, енологија, органско земјоделско
производство, одржливо земјоделство и др.

Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Применето лозарство, Ампелографија,
Органско и биодинамично производство на грозје и вино, Тероар и микроклиматски услови
при производство на вино.