Д-р Биљана Дрвошанова дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје
во 2009 год. на градинаро-цвеќарска насока, каде и магистрирала на тема: „Калемење –
перспективен начин за производство на расад од зеленчук“ во 2012 година. Во 2023 година
докторира на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, на тема: „Оцена на
генетскиот диверзитет на локални сорти пиперка (Capsicum annuum L.) од Република Северна
Македонија“. Во 2013 година станува дел од Земјоделскиот институт во Скопје, каде е избрана
за помлад асистент во областа зеленчук. По докторирањето во 2023 е избрана за научен
соработник и раководител на Одделението за градинарство.
Денес е научен соработник во Одделението за градинарство.
Научно истражување остварува во областите: производство на зеленчук
(расадопроизводство, одржливи практики), растителни генетски ресурси и адаптација на
земјоделството кон климатските промени.