Д-р Ана Селамовска

Редовен професор

Проф. д-р Ана Т. Селамовска дипломирала во 1988 год. на Земјоделскиот факултет во Скопје и
наградена како најдобар студент, а магистрирала во 1994 год., на тема: „Развиток на
репродуктивните органи кај некои сорти бадеми во услови на Скопско“. Докторирала во 2006
година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на тема со наслов:
„Модифицирани начини на производство на саден материјал кај јагодата и органогенеза на
репродуктивните органи“. Од 1998 год. е вработена на Земјоделскиот институт во Скопје, како
асистент и раководител во одделението за јагодесто овошје, Оддел за овоштарство. По
докторирањето во 2006 година е избрана за доцент. Во 2011 година е избрана за вонреден
професор, а во 2017 година за редовен професор.

Денес е редовен професор во Одделението за овоштарство.

Научно истражување остварува во областите генетика и селекција на овошни видови,
Помотехника, Генетски ресурси од овошни култури, органско производство на овошни
култури, пропагација на растителен материјал.

Изведува настава на втор циклус студии по предметот Органско и биодинамично
производство на овошни култури.