Д-р Александар Марковски

Редовен професор

Проф. д-р Александар Марковски дипломирал во 1990 год. на Факултетот за земјоделски
науки и храна во Скопје, а магистрирал во 1998 год., на тема: „Биолошки карактеристики на
кинеската урма (Zyziphus jujuba Mill.) и избор на подлоги за нејзино размножување”.
Докторирал во 2008 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на темата со
наслов: „Производни и квалитетни својства на семенци кинеска урма (Zyziphus jujuba Mill.)”.
Од 1995 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент во
Одделот за овоштарство, Одделение за јаболчесто овошје. По магистрирањето во 1998 год. е
избран за асистент, а по докторирањето во 2008 година е избран за доцент. Во 2013 е избран
за вонреден професор, а во 2018 година, за редовен професор. Во периодот од 2018 до 2021
год. бил раководител на Одделението за овоштарство на Земјоделскиот институт.

Денес е редовен професор во Одделението за овоштарство.

Научно истражување остварува во областите селекција и размножување на овошните видови.