Студентска конференција – 09/11/2023

На 09/11/2023 година, претставници од Земјоделскиот институт учествуваа на IV Студентска конференција под наслов „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, организирана од страна на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Меморандум Сараево – 08/11/2023

На 08/11/2023 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу УКИМ Земјоделскиот институт – Скопје, застапуван од Директорот на Институтот, проф. д-р Виктор Ѓамовски, и Земјоделско-прехранбениот факултет во рамки на Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина, застапуван од Деканот, проф. д-р Мухамед Брка.

Посета Чачак – 24 – 26/10/2023

Во периодот од 24-26.10.2023год, беше организирана работна посета на Институтот за овоштарство во Чачак, Република Србија, со цел продлабочување на повеќегодишната научна соработка од областа на овоштарството.

Посета Стара Винова Лоза 21/10/2023

Професорот д-р Виктор Ѓамовски, директор на Земјоделскиот институт во Скопје, ја посети 400 години старата винова лоза народно позната како Жаметна чрнина или Модра кавчина, која расте и се одгледува пред т.н. Куќа на старата лоза во Марибор.

Медовина 20/10/2023

На 20.10.2023 година дел од тимот кој учествуваше во експериментирањето со производството на Медовина, гостуваше на Утринската програма на Сител Телевизија. Овие активности се дел од проектот „Медовината како иновативен производ во пчеларството и винарството“, финансиран од општина Гази Баба во рамки на повикот за студенти иноватори.

Нова опрема 14/09/2023

На 14ти септември 2023 година, на Земјоделскиот Институт во Скопје беше промовирана новата софистицирана опрема за ген банката сместена во просториите на институтот, која е донација од Европската Унија преку ИПА проектот за модернизација на националната ген банка.

Светски ден на пчелата 20/05/2023

Земјоделскиот Институт-Скопје и Амбасадата на Република Словенија во соработка со општина Гази Баба и ФАО (Food and Agriculture Organization of the United Nations) го одбележаа светскиот ден на пчелата.

Бари 11/05/2023

На 11.05.2023 година во Бари, Италија беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу УКИМ Земјоделскиот институт – Скопје и International Centre for Advanced Mediterranean Agronomic Studies – Mediterranean Agronomic Institute of Bari (CIHEAM Bari).