MK | EN

Одделение за заштита на растенијата


Одделението за заштита на растенијата (во состав на Институтот) постои од 1945 година под името Отсек за заштита на растенијата. Под ова име Одделението работело до 1977 година. Од 1978/79 до 1989 година работи под името Институт за заштита на растенијата, од 1990 до 2002 година – Завод за заштита на растенијата, а од 2002 година до денес го носи името Одделение за заштита на растенијата.

Стручниот кадар во Одделението работи на решавање на проблемите поврзани со хербологија, ентомологија и фитопатологија.  Исто така, во состав на Одделението работи и хемиската лабораторија, каде што се вршат испитувања на физичко-хемиските својства на пестицидите.

Дејности на Одделението за заштита на растенијата се научноистражувачката,  наставната, издавачката и апликативната .

Научно истражувачка дејност
Научно истражувачката дејност на Одделението  се одвива по научни области и интегрирано.

Во областа на фитопатологијата научно истражувачката работа е насочена кон проучување на биологијата, екологијата, епидемиологијата и сузбивање  на растителните болести предизвикани од  бактерии, вируси и габи.

Во областа на ентомологијата научно истражувачката работа е насочена кон проучување на инсектите, пајаците, нематодите, глодарите и можностите за нивно сузбивање со конвенционални и биолошки методи.

Во областа на хербологијата научно истражувачката работа е насочена кон проучување на биологијата и екологијата на плевелните видови како и можностите за заштита со примена на превентивни, нехемиски и хемиски мерки.

Во хемиската лабораторија при одделението се вршат физичко-хемиски анализи на пестициди и нивни остатоци во храната.

Лицата кои што работеле во Одделението за  заштита на растенијата имаат објавено преку 410 научни и стручни трудови.

Наставна дејност
Одделението за заштита на растенијата одржува предавања на сите наставни програми од втор циклус на студии акредидирани на Земјоделскиот Институт Скопје

Програма Растително производство
Потпрограма Расадничко производство
• Болести, штетници  и плевели во расадничко производство
• Карантински болести и штетници во расадничко производство
• Регулативи во расадничко производство
• Интегрална заштита од плевели во расадничко производство

Потпрограма Производство на семенски материјал од поледелски и градинарски култури
• Заштита од болести, штетници и плевели  во семепроизводство

Потпрограма Интегрално производство
• Интегрална заштита на растенија од болести, штетници и плевели
– поледелство
– градинарство
– овоштарство
– лозарство

Потпрограма Органско производство
• Заштита на растенијата од болести, штетници и плевели во органското земјоделство
– поледелство
– градинарство
– овоштарство
– лозарство
• Законски регулативи во органско производство

Апликативна дејност
Апликативната дејност на Одделението за заштита на растенијата се одвива преку вршење на здравствени прегледи на семенските посеви и садниот материјал согласно законските прописи. Исто така, во Одделението се вршат биолошки и физичко хемиски испитувања на пестицидите.  Апликативната дејност се состои и од дирекна комуникација со фармерите се со цел, изнаоѓање на соодветни решенија за проблемите поврзани со херболгијата, ентомологијата и фитопатологијата.

Кадар на Одделението

Д-р Слободан Банџо, Редовен професор, Раководител на Одделението

Д-р Јулијана Цветковиќ, Редовен професор

Д-р Танас Трајчевски, Редовен професор

Д-р Гордана Глаткова, Вонреден професор

Д-р Катерина Банџо – Орешковиќ, Доцент