MK | EN

Одделение за поледелство


Одделението за поледелство постои и функционира во рамките на Земјоделскиот институт Скопје, а основанo е  една година подоцна  од основањето на Институтот во 1945 година.

Ова одделение од основањето до денес функционирало како ,,Отсек за житни култури, Завод за житни култури, Одделение за житни култури”, а од 2009 година како Oдделение за поледелство.

Образовна дејност
Одделението за поледелство со својот наставно-научен кадар одржува предавања на вториот циклус на студии акредидирани на Земјоделскиот Институт Скопје на студиската  програма Растително производство, потпрограми Производство на семенски материјал од поледелски и градинарски култури, Интегрално производство и Органско производство.

Научно-истражувачка дејност
Научно истражувачката дејност на одделението пред се е насочена во решавањето на проблемите во производството на житните растенија: пченица, пченка, јачмен, ориз, рж, тритикале и овес. Истражувањата во одделението се главно од областа на селекцијата и семепроизводството. Создавањето на нови сорти од житните растенија кои ќе бидат поквалитетни од постоечките, преку примена на разни методи на селекција (пред се методот на хибридизација и методот на индуцирана мутагенеза) била и ќе остане една од основните цели на истражувачите од одделението. Како резултат на досегашната работа на создавање нови сорти и хибриди житни растенија има создадено повеќе сорти и хибриди од пченка, пченица, јачмен, ориз и тритикале. Во одделението досега се изработени голем број на проекти преку кои се проучувани агрономските, морфолошките и биолошките својства на интродуцираните сорти, месните популации и новосоздадениот генетски материјал во институтот (сорти, линии и хибриди) кај житните растенија. Предмет на истражувањe во одделението е и ширење, реонирање и воведување на нови сортите од житни растенија во Р. Македонија. Покрај тоа, научниот кадар од Одделението е  вклучен и во заштитата на генетските ресурси од житни култури во рамките на националната ген банка и на тоа поле соработува со сродни меѓународни организации.

Издавачка дејност
Наставно научниот кадар во одделението за житни култури досега има објавено и отпечатено преку 550 научни и стручни трудови.

Апликативна дејност
Во одделението за поледелски растенијата редовно се одвива и апликативна дејност преку вршење на стручни прегледи на семенски посеви, поставување и изведување на сортови опити и преткомисиски опити на Државната комисија за признавање на нови сорти и хибриди од житни растенија, и постконтролни опити од житни растенија, како и испитување на квалитетот на семенски ориз и   бел ориз.

Кадар на Одделението

Д-р Добре Андов, Редовен професор, Раководител на Одделението

Д-р Михајло Николовски, Редовен професор

Д-р Даница Андреевска, Редовен професор

Д-р Емилија Симеоновска, Вонреден професор

Д-р Винко Станоев, Вонреден професор

Александар Митаковски, Лаборант

Радмила Попоска, Лаборант