MK | EN

Одделение за педологија и исхрана на растенијата


Образовна дејност
Кадарот на Одделението за Педологија и агрохемија одржува настава на студиската програма Одржливо земјоделство со подпрограмите интегрално производство и органско производство и студиската програма   Растително производство од вториот циклус на студии во Институтот.

Научноистражувачка дејност
Научноистражувачка дејност на Одделението  е насочена кон изнаоѓање нови техничко-технолошки решенија и нивна примена и апликација во земјоделското производство. Посебно внимание се посветува на проучување на педогенетските фактори, физичките, хемиските, биолошките и производните својства на почвата. Како резултат на овие проучувања а со цел зголемување на плодноста на почвата се препорачуваат разни агротехнички и агромелиоративни мерки. Насобраните податоци за почвите на Република Македонија послужија како основа за изработка на почвени карти во различен размер.

Во периодот од 1952 до 2012 година, Одделението за педологија и агрохемија има изработено 69 научноистражувачки проекти. Успешно се одбранети 6 магистерски труда и 8  докторски дисертации.

Апликативна дејност
Одделението за педологија и агрохемија изработува апликативни проекти, теми и програми врз основа на стручно-техничка соработка со институции или индивидуални земјоделски производители. Стручно техничката соработка се состои во изготвување на елаборати за можност за одгледување на овошни култури, винова лоза, поледелски и градинарски култури во конкретни почвени услови. За повисоко и поквалитетно производство се даваат и препораки за ѓубрење на земјоделските култури. Составен дел на апликативната дејност е и анализа на растителен материјал, вода за наводнување и анализа на органски и минерални ѓубрива.

Издавачка дејност
Кадарот на Одделението за педологија и агрохемија има објавено над 500 научни и стручни труда и издадено повеќе учебници, книги, брошури, монографии и сл..

Кадар на одделението

Д-р Душко Мукаетов, Редовен професор, Раководител на Одделението

Д-р Марјан Андреевски, Редовен професор

Д-р Христина Попоска, Научен соработник