MK | EN

Одделение за овоштарство


Образовна дејност
Кадарот на Одделението за овоштарство одржува настава на студиската програма Растително производство од вториот циклус на студии во Институтот, на подпрограмата Расадничко производство, подпрограмата Интегрално производство и подпрограмата Органско производство.

Научноистражувачка дејност
Научноистражувачката дејност главно се одвива во правец на унапредување и реонирање на овоштарството во Р. Македонија. Во научноистражувачките проекти се обработуваат теми од областа на помологијата, интродукцијата и селекцијата на сорти и подлоги од овошните видови, примена на нови технологии во производството и репродукција на овошните култури (култура на меристем, ембриокултура), проучување на генетските ресурси и сл.. Со хибридизација, индуцирана мутагенеза и селекциска работа се создадени перспективни селекции од: праска, кајсија, бадем, цреша, кинеска урма и др.

Во периодот од 1953 до 2012 година, Одделението за овоштарство (Одделот за овоштарство) има изработено 55 научноистражувачки проекти. Успешно се одбранети повеќе од дваесеттина магистрерски труда и докторски дисертации.

Апликативна дејност
Одделот за овоштарство изработува апликативни проекти, теми и програми врз основа на стручно-техничка соработка со институции или индивидуални земјоделски производители за подигнување нови насади, одржување насади во род преку спроведување соодветна технологија на производство и сл., програми за оформување на расадници и производство на овошен саден материјал, стручни совети за следливост на расадничко производство и сл., стручни совети и помош при имплементација на глобал-гап стандардите во растителното производство, како и изготвува извештаи од стручни вештачења.

Според Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и Правилникот за трговија со материјал за размножување и саден материјал од овошни растенија наменети за производство на овошје, Одделението за овоштарство е овластено да врши стручна контрола на производството на метерајал за размножување и саден материјал од овошни растенија на официјално регистрираните расадници во републиката.

Издавачка дејност
Кадарот на Одделението за овоштарство (Одделот за овоштарство) има објавено над 700 научни и стручни труда и издадено повеќе учебници, книги, брошури, монографии и сл.

Кадар на одделението

Д-р Мелпомена Поповска, Вонреден професор, Раководител на Одделението

Д-р Виктор Ѓамовски, Вонреден професор

Д-р Александар Марковски, Вонреден професор

Д-р Ана Селамовска, Вонреден професор