MK | EN

Одделение за градинарство


Дејност на одделението
Основна улога и задача на одделението за градинарство е: образовна, научноистражувачка, издавачка и апликативна дејност.

Образовна дејност: Наставно научниот кадар на одделението одржува настава на   II  циклус студии за растително производство на студиските програми:  Семепроизводство на поледелски и градинарски  култури, Интегрално и органско производство.

Исто така,  тие се ангажирани  во наставата на I и II  циклус студии, студиски програми: градинарство и цвеќарство и екоземјоделство на Факултетот за земјоделски науки и храна, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Научноистражувачка дејност: Научните истражувања во одделението за градинарство се фокусирани на :
– креирање нови сорти градинарски растенија со посебен акцент на агроеколошките услови
-воведување  на современи и алтернативни технологии кои се еколошки, социолошки и финансиски одржливи
– проучување на диверзитетот на  автохтони генетски ресурси од приоритетните градинарски култури,  следејки ги  меѓународните стандарди.

Како резултат на досегашната селекциона работа, одделението има креирано 23 нови сорти градинарски култури, од кои: 6 сорти пиперка, 5 сорти кромид, 8 сорти домат, 2 сорти боранија,  1 сорта грашок, 1 сорта праз.

Во одделението за градинарство досега се изработени повеќе меѓународни и   домашни научно-истражувачки проекти или теми, најголем дел самостојно, а дел во соработка со други одделенија во состав на Институтот.

Издавачката дејност: Научните работници кои работеле во одделението за градинарски култури отпечатиле преку 400 научни и стручни трудови.
Во одделението досега се изработени и успешно одбранети  6 магистерски и   5 докторски дисертации.

Апликативна дејност:  Одделението е овластено и задолжено да врши стручна контрола над семенските посеви со градинарски  растенија на сопственото производство и на други организации во Македонија  кои се бават со производство на семенски материјал од градинарски растенија. Исто така, врши  испитувања потребни за признавање и воведување на нови сорти и хибридни градинарски растенија, консултативна активност во производството на зеленчук, разни експертизи и супер вештачења поврзани со градинарски растенија и др.

Кадар на Одделението

М-р Афродита Ибушоска, Асистент, Раководител на Oдделението

М-р Биљана Дрвошанова, Помлад асистент