MK | EN

Историјат на институтот


ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ – СКОПЈЕ е една од најстарите (по Институтот за тутун Прилеп 1924) научноистражувачка организација од областа на земјоделството во Република Македонија.

Уште од далечната 1927 година од тогашниот околиски расадник во Скопје се формира Агроботаничкиот отсек во Вардарска Бановина – Кралство на Југославија, при што оваа година е зацртана како зачеток на идниот Земјоделски институт на Република Македонија.
Во 1929 година од Агроботаничкиот отсек се формира “Огледна и селекциона пољопривредна станица” со два отсека:
– отсек за индустриски култури (памук и афион);
– отсек за агрохемиска испитивања (лабораторија).

Во текот на 1933 година од “Огледната и селекционата станица” се формира “Пољопривредна огледна и контролна станица” под надлежност на Министерството за земјоделство со отсеците:
– отсек за агроботаника
– отсек за агротехника
– отсек за градинарство
– отсек за памук
– отсек за ориз
– отсек за агрохемија
– отсек за заштита
– отсек за семеконтрола

За време на Втората светска војна (1941 – 1945) и окупацијата на Република Македонија, поголемиот нејзин дел потпаѓа под власта на Република Бугарија при што “Пољопривредната огледна и контролна станица” се преименува во “Институт за земјоделие” (1941-1944) со отсеците:
– отсек за градинарство;
– отсек за ориз – Кочани;
– отсек за агроботаника;
– отсек за памук – Струмица;
– отсек за контрола на семето;
– отсек за агрохемија;
– опитно производни стопанства.

По ослободувањето на Република Македонија (во текот на 1944/45 година) и Скопје (13. XI.1944 год.) со Решение на Президиумот на АСНОМ бр.15 од 15. XII. 1944 година формиран е Земјоделско испитателниот институт на НРМ како буџетска установа, која низ текот на годините и под слични имиња опстојува и до денеска.
Оваа дата (15. XII. 1944) се зема како официјален податок за почетокот на постоењето на Земјоделскиот институт како научна установа од областа на земјоделството.

1. Во оваа прва организациска поставеност (1944/45) како научна установа во составот на Земјоделско – испитателниот институт влегуваат отсеците:
– отсек за житни култури;
– отсек за градинарски култури;
– отсек за индустриски култури;
– отсек за фуражни култури (1949);
– отсек за агротехника;
– отсек за педологија со климатологија;
– отсек за заштита на растенијата (1949);
– отсек за лозарство, винарство и овоштарство (1949);
– опитно производни стопанства.

Во текот на 1952/53 година Земјоделско испитателниот институт – Скопје доволно зајакнува кадровски, материјално и со својата инфраструктура, така што некои од напред наведените отсеци прераснуваат во соодветни институти, продолжувајќи понатаму да работат и функционираат како самостојни научни институции.

2. Втора организациска поставеност (1952/53)
– Земјоделски институт – Скопје
со решение бр.324 од 18. X. 1954 год.;
– Завод за лозарство и винарство – Скопје
со решение бр.1062 од 18. X. 1952 год.;
– Завод за овоштарство – Скопје
со решение бр.76 од 4. VII. 1953 год.;
– Институт за ориз – Кочани од 1953 год.;
– Институт за памук – Струмица
со решение бр.10905 од 29. IX. 1956 год..

3. Трета организациска поставеност (1968/69)
– Здружен Земјоделски институт – Скопје;
– Земјоделски институт – Скопје;
– Институт за памук – Струмица;
– Институт за ориз – Кочани;
– Хидробиолошки завод – Охрид.

4. Четврта организациска поставеност (1977/78)
РО Земјоделски факултет – Скопје
– ООЗТ Институт за поледелство и градинарство;
– ООЗТ Институт за лозарство и винарство;
– ООЗТ Институт за овоштарство;
– ООЗТ Институт за сточарство;
– ООЗТ Институт за економика и организација;
– ООЗТ Институт за проучување на почвите;
– ООЗТ Институт за заштита на растенијата;
– ООЗТ Факултетско стопанство.

5. Петта организациска поставеност на Институтот (1989/90)

1. ЈНУ Земјоделски институт –Скопје

а) Оддел за поледелство и градинарство
– одделение за житни култури;
– одделение за градинарски култури;
– одделение за фуражни култури;
– одделение за индустриски култури;
– одделение за заштита на растенијата;
– одделение за испитување на семето;
– одделение за проучување на почвите;
– ОПО Бутел, Овче поле, Кочани, Дораб. Центар.

б) Оддел за лозарство и винарство
– одделение за лозарство;
– одделение за винарство;
– ОПО Бутел.

в) Оддел за овоштарство
– одделение за јаболчесто овошје;
– одделение за јагодесто овошје;
– одделение за коскесто овошје;
– ОПО Кисела Вода и Долно Лисиче.

г) Стручна и административно-техничка служба
– Секретар;
– Библиотекар;
– Сметководство;
– администрација и општа служба.

6. Шеста организациска поставеност на Институтот (2006/2008)

Шестата организациска поставеност на Институтот е иста како и предходната (петта) организациска поставеност, со таа разлика што опитнопроизводните стопанства на Институтот, се одделени како посебен правен субјект под името: ДПУТ-Опитно Поле-увоз-извоз-ДООЕЛ – Скопје.

ЈНУ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ – СКОПЈЕ

а) Оддел за поледелство и градинарство
– одделение за житни култури;
– одделение за градинарски култури;
– одделение за фуражни култури;
– одделение за индустриски култури;
– одделение за испитување на семето;
– одделение за заштита на растенијата;
– одделение за проучување на почвите.

б) Оддел за лозарство и винарство
– одделение за лозарство;
– одделение за винарство.

в) Оддел за овоштарство
– одделение за јаболчесто овошје;
– одделение за јагодесто овошје;
– одделение за коскесто овошје.

г) Стручна и административно-техничка служба
– секретар;
– библиотека;
– сметководство и книговодство;
– администрација и општа служба.

III. СЕГАШНА ОРГАНИЗАЦИСКА ПОСТАВЕНОСТ НА ИНСТИТУТОТ

Земјоделскиот институт – Скопје сега работи (од 2009 год.) во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, како една од организациските единици на Универзитетот.
Сегашната (седма) внатрешната организација на Институтот е составена од неколку одделенија и тоа:
– Одделение за поледелство;
– Одделение за градинарство;
– Одделение за испитување на семето;
– Одделение за заштита на растенијата;
– Одделение за педологија и агрохемија;
– Одделение за лозарство;
– Одделение за винарство;
– Одделение за овоштарство;
и
– Стручно-административна служба;
– Служба за сметководство и книговодство.

Органи на управување и раководење на Институтот се
– Научен совет;
– Институтска управа и
– директор на Институтот.