MK | EN

МАКЕДОНИЈА во декември 1944

На 28 декември 1944, над Македонското слободно небо, околу 10 часот наутро, за прв пат беше емитуван директен пренос од заседанието на АСНОМ. Зборуе радио Скопје! – беа првите зборови емитувани во македонскиот етер. Ова значење дека Македонскиот јазик и официјално започна да се употребува во секојдневниот живот во Македонија. Зборовите беа искажани од Директорот на Радио Скопје и познат Македонски писател и новелист Денко Малески. Тој е автор на повеќе новели и кратки приказни, како и автор на националната химна на Македонија „Денес над Македонија“ и сценариото за првиот Македонски филм „Фросина“.

Театарската зграда на многумина скопјани ќе им остане во долго сеќавање и за која ќе ги врзуваат можеби најубавите спомени од младоста. Зградата на Народен театар, започнала да се гради во 1921 година. Градењето се одвивало многу тешко. Плановите и архитектите се менувале неколку пати. На крај, свеченото отворање е направено на 26 октомври 1927.