MK | EN

По повод 70 години од своето постоење
Земјоделскиот институт организира:

НАУЧЕН СОБИР:

ПРЕДИЗВИЦИ ВО СОВРЕМЕНОТО
ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО

Ве повикуваме да земете учество
на Научниот собир на:
11 ДЕКЕМВРИ, 2014 година во СКОПЈЕ

Трето соопштение

КЛИКНЕТЕ ЗА ДА ГО ПРЕЗЕМЕТЕ СООПШТЕНИЕТО ВО ЦЕЛОСТ

Второ соопштение

КЛИКНЕТЕ ЗА ДА ГО ПРЕЗЕМЕТЕ СООПШТЕНИЕТО ВО ЦЕЛОСТ

Прво соопштение

НАУЧНИ ТЕМИ
Заштита на растенијата и безбедност на храна
• Растително производство
• Одржливо земјоделство
• Заштита на животната средина и управување со природните ресурси
• Рурален развој и агроекономика

ПОВАЖНИ ДАТИ
Поднесување на апстракти  –  15 Септември 2014
• Известување за прифаќање на апстрактите  –  01 Октомври 2014
• Второ соопштение  –  15 Октомври 2014
• Доставување на комплетни трудови  –  11 Декември 2014

КЛИКНЕТЕ ЗА ДА ГО ПРЕЗЕМЕТЕ СООПШТЕНИЕТО ВО ЦЕЛОСТ

Регистрација

Пријавувањето за учество се прави со пополнување на ФОРМУЛАР за учество или преку доставување на АПСТРАКТ на англиски јазик.
Истиот треба да биде пополнет и доставен на е-маил адресa: jubilee70@zeminst.edu.mk
Секој потенцијален учесник кој ќе го пополни и достави формуларот ќе добие детални информации за уплата на котизацијата.

КЛИКНЕТЕ ЗА ДА ГО ПРЕЗЕМЕТЕ ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Котизација

Со уплатата на котизацијата се стекнува право за учество на Научниот собир, книга на апстракти, кафе паузи и комплетен материјал за научниот собир.
Котизацијата е задолжителна за учесниците на научниот собир.

Котизација Пред 30 октомври 2014 После 30 октомври 2014
Регуларно 30 евра 40 евра
Втор учесник 10 евра 20 евра

За да бидат трудовите испечатени во Јубилејниот зборник, барем еден од авторите треба да плати котизација.
Уплатата на котизацијата може да се изврши и на почеток на конференцијата.

Апстракти

АПСТРАКТОТ за учество на научниот собир треба да биде доставен на е-маил адреса: jubilee70@zeminst.edu.mk
Краен рок за доставување на апстрактите: 15 септември 2014.
Доставените апстракти и трудови ќе бидат разгледани, рецензирани и одобрени од Уредувачкиот одбор. Авторите кои ќе ја прават презентацијата орална/постер ќе бидат информирани до 15 октомври 2014.
Најмалку еден автор треба да има платено котизација со цел апстрактот да биде вклучен во финалната програма на конференцијата.

КЛИКНЕТЕ ЗА ДА ГО ПРЕЗЕМЕТЕ ФОРМУЛАРОТ ЗА АПСТРАКТИ