MK | EN

Истражувања

  1. ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ – СКОПЈЕ

а) Проекти и теми финансирани и изработени по различни основи од 1952 до 1968 година

  1. Полски опити со пченица
  2. Некои поважни моменти во есенската седиба на нашите сорти пченица
  3. Први резултати од опитите со Американски хибридни пченки во НРМ
  4. Некои проблеми во врска со семепроизводството и ширењето на хибридните пченки во НРМ
  5. Семепроизводство на бели жита
  6. Италијански сорти пченица и нивна продуктивност
  7. Резултати од извршените производни опити со Италијански и други сорти пченица во НРМ
  8. Вегетативен простор и приноси при хибридните и домашните пченки
  9. Резултати од производните опити со високо приносни сорти пченица (Италијански) во НРМ
  10. Наши производни услови и некои поважни агромерки во одгледувањето на пченката
  11. Резултати кај пченката и пченицата со различна предсеидбена обработка
  12. Опити со разни хибриди пченка во Скопско
  13. Прирастот и развитокот на пченката како основа за примена на одредени мерки
  14. Испитување на некои хибриди пченка со различна должина на вегетација во услови на наводнување
  15. Испитување на густината на склопот и времето на ѓубрење кај пченката на приречните алувијални почви во Скопско
  16. Испитување на различни количества на односи на NPK при реонираните сорти на пченица во Скопје и Овче Поле
  17. Прилог кон прашањето за одгледување на пченката и гравот како меѓупосев
  18. Резултати од наводнувањето на пченката во Овче Поле
  19. Проучување на месните сорти пченка во НРМ во однос на нивните морфолошки, биолошки и стопански својства
  20. Први резултати од одгледувањето домат во Тетовско без расад и колци
  21. Одгледување домати на различни потпори
  22. Форсирано производство на ран компир во тунели од полиетиленско платно во услови на Скопско
  23. Влијание на типот на саксиите за одгледување расад од домати врз ранозрелоста и приносот на посевите
  24. Влијание на големината и конфигурацијата на вегетацискиот простор врз приносот и квалитетот на кромидот
  25. Можност за рано производство на боранија и одгледување во заштитен простор под полиетиленски фолии
  26. Влијание на декапитацијата кај доматот врз ранозрелоста, приносот и квалитетот на плодовите во услови на Скопско
  27. Влијание на староста на расадот од доматот бр.10 х Бизон врз ранозрелоста и вкупниот принос во услови на Скопско
  28. Испитување на некои сорти домати погодни за рано производство
  29. Влијание на тростебленото одгледување на рани домати сорта бр.10 х Бизон на низок шпалир врз ранозрелоста и приносот во услови на Скопско
  30. Одгледување на средно рани домати со директно сеење на семето на нива
  31. Форсирано производство на краставици со употреба на полиетиленска фолија и расад
  32. Рано полско производство на лубеници во услови на Скопско
  33. Одгледување на кромид со директна сеидба во услови на Скопско
  34. Суданка, чичока, сточен кељ
  35. Општи мерки за подобрување на пасиштата во НРМ
  36. Мерки за подобрување на положбата со стопанисување на пасиштата во НРМ
  37. Продолжително дејство на инокулацијата врз приносот кај некои видови детелина
  38. Можност за подобрување на природните тревници преку ѓубрење врз асоцијациите Poa violaceae, Nardus stricta и др. во НРМ
  39. Сортни испитувања со шеќерна репа
  40. Рокови на сеидба на шеќерна репа
  41. Испитувања на различни рокови на сеидба на сончоглед
  42. Застапеност на плевелните семиња во семенската пченица во НРМ
  43. Период на покој кај некои сорти пченица
  44. Влијание на температурата, светлината и подлогата врз интензитетот на ‘ртењето и поникнувањето на семето пипер
  45. Влијание на повредите на семето врз ‘ртливоста и поникнувањето кај пченката
  46. Сортна чистота на семенската пченица низ новите законски прописи
  47. Влијание на почвата како подлога врз ‘ртливоста на семето од спанаќ
  48. Плевелни семиња во натуралната семенска луцерка од Струмичкиот и Дебарскиот реон
  49. Придонес кон проучувања на ‘ртливоста на семето од патлиџан
  50. Развој и употреба на инсектицидите по Втората светска војна
  51. Ефикасност на некои хемиски средства и препарати за сузбивање на краставоста по јаболката
  52. Најчести полски и домашни глувци и средства за нивно сузбивање
  53. Прилог кон проучување на ентомофауната во НРМ
  54. Раширеност на груткичките и на грутковите бактерии кај гравот во некои реони на НРМ
  55. Испитување на должината на инкубациониот период при секундарните инфекции на Plasmopara viticola во климатски услови на Скопскиот реон
  56. Влијание на радосанот врз површинската микрофлора на пченицата
  57. Ентомофауна на тутунот во НРМ со посебен осврт на фауната штетни инсекти
  58. Разложување на амитрилот од страна на почвената микрофлора
  59. Pythium aphanidermatum – еден од причинителите на гниењето на плодовите кај некои зеленчукови култури
  60. Габна епифитна микрофлора кај граорицата и нејзино влијание врз ‘ртливоста на семето
  61. Резултати од испитувањата на ефикасноста на некои култури нематоди врз кореновите нематоди во оранжериите во Банско
  62. Испитување на културните особини на морово рокче по потекло од ‘рж и пченица во некои реони на НРМ
  63. Калцификација на почвите во Струшко Поле
  64. Почви во СРЗ Комунист с. Горни Подлог – Кочанско
  65. Педолошка карактеристика на Ресенско Поле
  66. Прилог кон познавање на проблемот за калцификација на почвите
  67. Почви во Издеглавско Поле и нивни својства
  68. Земјоделска вредност на смолниците во Македонија и мерки за нивно подобрување
  69. Почви на високопланинските пасишта на планината Бистра
  70. Прилог кон познавањето на почвите на Малешевските Планини
  71. Влијание на различен начин на основна обработка и ѓубрење врз почвените својства
  72. Некои проблеми во врска со мелиорација на почвите во Скопско Поле
  73. Почви на Баба Планина и на дел од планината Бигла и Црновршки рид
  74. Почви на дел од површините од реонот на Гостивар, Кичево, Крушево и Охрид
  75. Почви на секциите Охрид-2, Дебар-4 и на дел од секциите Дебар-2 и Гостивар-Кичево-1
  76. Почви во подрачјето меѓу Скопје и Титов Велес
  77. Почви во подрачјето на Водно, Китка и Лисец

б) Проекти и теми финансирани и изработени според различни основи од 1969 до 1977 година

  1. Создавање на нови сорти од одделни поледелски култури со поголем генетско производен потенцијал (селекција на тврда и мека пченица, хибридна пченка, пиперка, пролетен граор, луцерка, ‘рж и др.)
  2. Пченката како пострна култура во услови на Овче Поле
  3. Влијание на минералните ѓубрива врз приносот на пченката на алувијалните почви
  4. Испитување на факултативноста на најзастапените домашни и странски сорти пченица кај нас
  5. Резултати од споредбените испитувања на сортите пченица Аврора, Кавказ и Безостаја во Скопско
  6. Проучување на морфолошките и биолошките особини на пукливите месни сорти пченка – подвид Zea mays everta од одделни реони во СРМ
  7. Влијание на ѓубрењето врз пченката и неговото продолжително дејство врз пченицата
  8. Резултати од испитувањата на некои пиварски сорти јачмен
  9. Оплодување, поникнување и класење при меѓувидовито вкрстување кај пченицата
  10. Влијание на Agromax-от врз почвената микрофлора и врз приносот на некои култури
  11. Одгледување на пченката како втора култура
  12. Колекционирање и проучување на автохтониот материјал на мека и тврда пченица, јачмен, ‘рж, пченка и овес во Македонија – Југославија
  13. Колекционирање и проучување на зеленчук и ситно овошје во Македонија
  14. Изнаоѓање на посовремени технолошки решенија за економски важните земјоделски култури (компир, кромид, пиперка, боранија, лубеница и др.)
  15. Поважни зеленчукови популации од фамилијата Solanaceae од Велешкиот производен реон
  16. Влијание на декапитацијата на главното стебло кај лубеницата врз родноста и зрелоста кај сортата Стокс-647
  17. Детерминантни сорти домати за индустриска преработка
  18. Предност на густиот и пикираниот расад одгледан во оранжерии над тој одгледан за рано полско производство на домати
  19. Влијание на големината на вегетацискиот простор врз приносот и квалитетот кај цвеклото
  20. Можност за одгледување на некои сорти домати за лупени плодови во услови на Скопско
  21. Најпогоден термин за расадување на сортата бр.10 х Бизон за многу доцно производство во услови на Скопско
  22. Питомење на некои сорти лубеница за рано производство во услови на Скопско
  23. Рано полско производство на дињи со употреба на полиетиленски фолии и со расад во Скопско
  24. Нови хибридни сорти на домати за рано полско производство
  25. Најпогоден рок за сеидба за безрасадно едногодишно производство на кромид во Овче Поле
  26. Динамика на хемискиот состав кај некои популации кромид за време на чување
  27. Поважни морфолошки и хемиски својства на некои популации праз
  28. Можност за хемиско сузбивање на плевелите во домати со директна сеидба
  29. Вештачки тревници на ерозивните ораници во ридско-планинското подрачје на СРМ како биолошка борба со ерозијата и подобрување на крмната база
  30. Економичност и рентабилност на производството и искористувањето на хранливите материи на луцерката
  31. Нови селекции пролетен граор за семе во Македонија
  32. Влијание на ѓубрењето врз приносот, флористичкиот состав и квалитетот на природните тревници во Македонија
  33. Степен на самооплодување кај сончогледот
  34. Резултати од испитувањата кај некои сорти памук
  35. Хетерозисен ефект во Ф1 генерација при меѓувидова хибридизација кај памукот
  36. Наследување на некои особини при меѓусортните хибриди на памукот
  37. Резултати од пролетното ѓубрење со различни дози азот и негови комбинации со P и K врз приносот на сончогледот
  38. Влијание на градот врз квалитетот на хмељот
  39. Испитување и резултати од заплевеноста на семенски материјал
  40. Влијание на степенот на зрелост на семето од маслодавна репка врз неговите поважни квалитетни својства
  41. Придонес кон запознавање на биологијата на ‘ртењето на семето спанаќ
  42. Плевелни семиња во натуралната семенска граорица
  43. Дејство на загревањето врз физиолошкото созревање на семето дињи
  44. Боја на семето на лубеницата и негова ‘ртливост
  45. Проучување на биологијата, екологијата, патогенезата и мерките за сузбивање на економски позначајните причинители на заболувањата по одделни видови култури
  46. Дејство на некои антибиотици врз Claviceps purpurea Tul.
  47. Габен состав на црните класови по пченицата во СРМ
  48. Компаративно утврдување на резидиумите на инсектицидите од групата на хлорираните јаглероди во доматот и зелката
  49. Влијание на хербицидите врз растенијата
  50. Дејство на антибиотиците врз некои фитопатогени габи
  51. Ефикасност на хербицидите trifluralin и xloramben за сузбивање на плевелите и нивно делување на квалитетот на плодовите кај пиперката
  52. Штетници на стрните жита во Македонија и можност за нивно сузбивање
  53. Испитување, картирање и изработка на почвена карта на СФРЈ (за Македонија)
  54. Педогенетски испитувања на почвите во Беровско
  55. Почви во подрачјето на Јакупица, Бабуна и Бистра
  56. Карактеристики на почвите во реонот на Поречје и Сува Гора
  57. Прилог кон проучување на почвите во подрачјето на Љуботен и Жеден
  58. Прилог кон проучување на почвите во реонот на Шар Планина

в) Проекти и теми финансирани од страна на СИЗ за научни дејности и Министерството за наука – Скопје од 1963 до 1977 година

  1. Создавање на меки сорти пченица
  2. Создавање на нови сорти тврда пченица
  3. Унапредување на производството на пченка
  4. Селекција на раностасни хибриди пченка
  5. Испитување на густината, склопот и времето на ѓубрење кај пченката на приречните алувијални почви во Скопско
  6. Влијание на времето и длабочината на основната обработка врз приносот од пченица и сончоглед
  7. Унапредување на производството на некои градинарски култури (домати, пиперки, бабури и кромид)
  8. Создавање на нови сорти градинарски култури
  9. Влијание на минералните ѓубрива и калцификацијата на планинските пашњаци под асоцијација на Nordus stricta
  10. Селекција и агротехника на еспарзета
  11. Установување на најпогодни тревни смески за вештачки тревници за планинското подрачје Малеш
  12. Влијание на минералните ѓубрива врз приносот, составот на семето, коефициентот на искористување на азот, фосфор и калиум и некои хемиски особини на почвата на тревниците во Малешевските Планини
  13. Унапредување на производството на сончоглед
  14. Унапредување на производството на афион
  15. Проучување на некои физички и биолошко-хемиски својства на семето од меката пченица произведено во Македонија
  16. Испитување на квалитетните својства на семе од поважните земјоделски култури
  17. Бактериози на економски поважните индустриски култури
  18. Детално педогенетско испитување на почвата
  19. Почва на Баба планина и дел од планината Бигла и Црновршки рид
  20. Почви на дел од површините во реонот на Гостивар, Кичево, Крушево и Охрид
  21. Почви на секциите Охрид 2, Дебар 4 и деловите од секциите Дебар 2 и Гостивар-Кичево 1
  22. Почви од секциите Гостивар-Кичево 2, Гостивар-Кичево 4, и делови од секциите Гостивар-Кичево 1 и Качаник 3
  23. Почви на секцијата Гостивар-Кичево 2
  24. Почви на дел од секцијата Гостивар-Кичево 1 и Качаник 3С
  25. Почви на секцијата Гостивар-Кичево 4
  26. Почви на секциите Кратово 3 и на дел од секциите Кратово 1
  27. Почви на секциите Кратово 4 и на дел од секциите Кратово
  28. Почви на планината Галичица и на дел од планината Бигла и Плаќенска планина
  29. Мелиорација на солените почви
  30. Испитување на влијанието на длабочината на орањето со примена на хумизација и калцификација
  31. Почви во подрачјето помеѓу Пчиња-Вардар (секција Скопје-Велес 2)
  32. Почви во подрачјето Водно, Китка и Лисец (секција Скопје-Велес 1)
  33. Почви во подрачјето на Јакупица, Бабуна и Бигла (секција Скопје-Велес 3)
  34. Почви во подрачјето на Љуботен и Жеден (секција Качаник 4)

II. ЗАВОД ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЛОЗАРСТВОТО И ВИНАРСТВОТО – СКОПЈЕ

а) Проекти и теми финансирани и изработени по различни основи од 1952 до 1977 година

  1. Изработка и предлагање на долгорочни планови за унапредување на лозарството, определување на мерки за стопанисување, одгледување, интензивирање и воведување мерки за механизација во лозарството
  2. Проучување на можностите и предлагање на мерки за подигнување и реонирање на плантажи лозја, воведување нови сорти грозје и подобрување на квалитетот
  3. Предлагање на мерки за унапредување на винарството, а особено за изработување на сортни, десертни и македонски типови вина, како и за воведување механизација во винарството
  4. Укажување на техничка и стручна помош на производителите за унапредување на лозарството и винарството
  5. Вршење анализи на домашни вина и предлагање на извозни вина
  6. Проучување на биолошките и стопанско-технолошките својства на интродуцирани новостворени перспективни сорти винова лоза
  7. Одредување на времето на наводнување, потребната количина на вода и начин на наводнување кај десертни и вински сорти винова лоза за добивање на високи и квалитетни приноси, а при винските сорти и утврдување на наводнувањето врз квалитетот на виното
  8. Развој на лозарското производство во НРМ
  9. Лозарството во СРМ во идниот период
  10. Состојба и развој на винарството во СРМ 1971-1975
  11. Реонизација на лозарството во СР Македонија, лозарски реони и виногорја
  12. Реонизација и елементи на инвентаризација на лозарството во СР Македонија
  13. Проучување на биолошките и технолошките својства на интродуцираните сорти винова лоза
  14. Проучување на економските фактори на производство и механизирање на работните процеси при одгледување, ѓубрење, основна и дополнителна обработка и употреба на агрегати за заштита на виновата лоза
  15. Резултати од употреба на хербициди кај виновата лоза
  16. Испитување на биологијата и патогенитетот на габата Phomopsis viticola Sacc. како причинител на масовното пропаѓање на виновата лоза во СР Македонија и пронаоѓање ефикасни мерки за нејзино сузбување
  17. Биологија и анатомија на виновата лоза со специјален осврт на биологијата на пламеницата
  18. Сегашна состојба и перспективен развој на лозарството во Македонија
  19. Употреба на црни ПВЦ фолии во лозарството
  20. Резултати од сортните микроогледи со винова лоза
  21. Влијание на ниските температури врз измрзнувањето на виновата лоза и мерки за отстранување на нивното штетно влијание

III. ЗАВОД ЗА ОВОШТАРСТВО – СКОПЈЕ

а) Проекти и теми финансирани и изработени по различни основи од 1952 до 1977 година

  1. Стручна помош и стручен надзор над овоштарниците во НРМ
  2. Проучување на агротехничките и економските мерки за унапредување на овоштарството
  3. Реонирање на овоштарството во НРМ
  4. Испитување и утврдување на квалитетните својства на овошните сорти
  5. Проучување и одредување на подлоги за одделни реони во НРМ погодни за плантажни и индустриски насади
  6. Проучување и утврдување на најпогоден начин за чување и ползување на овошјето
  7. Искористување на ерозивните терени за нивно преобразување во овошни насади
  8. Проучување и утврдување на нормативите за потребните количества вода за одделни овошни видови по реони
  9. Следење на постигнувањата во овоштарството во светот и грижа за нивна примена кај нас
  10. Интензификација на производството на црна рибизла
  11. Интензификација на производството на јагода
  12. Испитување на можноста за забрзано производство на садници од инкомпатибилни сорти круши на подлога дуња со употреба на посредник
  13. Селекција на екотипови цреши, кајсии и лешници во НР Македонија
  14. Некои практични поуки во овоштарството
  15. Овоштарството во НРМ до денес и во иднина
  16. Помолошки проучувања на екотиповите ореви во Македонија
  17. Селекција и проучување на автохтони типови типови ореви во Македонија
  18. Проучување на биолошките и технолошките својства на избраните со селекција типови и интродуцирани сорти ореви
  19. Позитивна клонска селекција на сорти јаболка во еколошки услови на Западна Македонија
  20. Перспективни можности за ширење на бадемот во Македонија
  21. Биолошко-стопански својства на одбрани клонови од некои сорти леска
  22. Ориентирана програма за ширење на оревот во Македонија
  23. Оревот и лешникот како култури во условите на брдско-планинските подрачја на СР Македонија
  24. Подигање и одгледување на овошни насади со лешник
  25. Избор на место за овоштарник
  26. Избор на сорти јаболка и круши за подигање овошен насад

IV. ИНСТИТУТ ЗА ОРИЗ – КОЧАНИ

а) Проекти и теми финансирани и изработени по различни основи од почетокот до 2000 година

  1. Инвентаризација на домашни и странски сорти ориз (Серафимов Иван, 1972)
  2. Одгледување на ориз на солени почви (Бојаџиева Нада, 1973)
  3. Избор на погодни фуражни смески и предкултури при оризиштата, одгледувани за усејување и заорување (Серафимов Иван, 1975)
  4. Проучување на влијанието на органската маса врз продукцијата на квалитетот на оризот (Серафимов Иван, 1975)
  5. Селекција на ориз (Бабамов Лазар, 1977)
  6. Испитување на физичките и хемиските особини на почвата со употреба на најповолни ѓубриња за ѓубрење на оризот (Бојаџиева Нада, 1977)
  7. Употреба на комплексни ѓубрива за зголемување на приносот на оризот (Бојаџиева Нада, 1977)
  8. Мелиорирање на солени почви со одгледување на ориз (Бојаџиева Нада, 1977)
  9. Примена на фолијарни ѓубриња во производството на ориз (Бојаџиева Нада, 1977)
  10. Производство на ориз со употреба на NPK ѓубриња и фолијарна апликација со течен карбамид (Бојаџиева Нада, 1977)
  11. Создавање на нови сорти ориз (Серафимов Иван, 1980)
  12. Испитување на технолошките особини на оризовата арпа и белиот ориз во зависност од минералната исхрана (Серафимов Иван, 1980)
  13. Инвентаризација на паразитската микрофлора кај оризот во СР Македонија и проучување на мерки за нивно сузбивање (Каров Илија, 1983)
  14. Создавање на нови сорти ориз (Наумова Бисерка, 1985)
  15. Биологија, распространетост, штетност и мерки на борба против Sklerotianum oryzae Katt, паразит на оризот во СР Македонија (Каров Илија, 1986)
  16. Проучување на технологијата за производство на мицелиум на виши габи (Каров Илија, 1987)
  17. Проучување на плевелната вегетација во оризот и мерки за нејзино сузбивање (Каров Илија, 1988)
  18. Минерална исхрана на оризот (Каров Илија, 1988)
  19. Селекција на високопротеински сорти ориз (Наумова Бисерка, 1990)
  20. Испитување на искористувањето на хранливи материи во различни фази кај различни сорти ориз (Андреевска Даница, 1991)
  21. Генетика на отпорност кај оризот спрема Pyricularia oryzae (Каров Илија, 1991)
  22. Селекција на ориз (Наумова Бисерка, 1994)
  23. Селекција на ориз (Најчевска Цветанка, 1997)
  24. Банка на гени кај културата ориз (Андреевска Даница, 1997)
  25. Влијание на начинот и времето на користење на азотот врз приносот и квалитетот на зрното кај две сорти ориз и содржина на пристапен манган и магнезиум во оризните почви (Спасеновски Мирко, 1998)
  26. Сузбивање на штетникот водена волухарица на подрачјето на кочанско, штипско, виничко и Блатец (програма од МЗШВ)
  27. Заштита на ознаката на потеклото на Кочанскиот ориз (елаборат Министерство за економија)

V. РО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Проекти и теми финансирани од страна на Министерството за наука од 1978 до 1990 година

а) ООЗТ Институт за поледелство и градинарство

  1. Испитување на биолошките, морфолошките, стопанските својства и режимот и исхрана на сончогледот (Карамулас Христос, 1979)
  2. Испитување на квалитетните својства на семето од поважните земјоделски култури (Поповска Павлина, 1981)
  3. Утврдување на најпогоден начин на чување на семето (Поповска Павлина, 1981)
  4. Создавање на нови сорти мека пченица (Оровчанец Илија, 1981)
  5. Создавање на нови сорти тврда пченица (Ангелов Иван, 1981)
  6. Селекција на раностасни хибриди пченка (Корнети Дијаманди, 1981)
  7. Создавање на нови сорти луцерка со поголем производен потенцијал, побрз ритам на пораст и подобар содржај на белтоци (Банџо Катерина, 1981)
  8. Проучување на биологијата, технологијата и адаптивноста на одделни сорти хмељ во СРМ (Гагачев Вангел, 1981)
  9. Влијание на плодоредот и хербицидите врз биоценолошките промени во еден агросистем (Лозановски Ристо, 1981)
  10. Проучување на биолошките, морфолошките и производните интродуцирани и домашни видови и сорти повеќегодишни граминеи и легуминози во разни еколошки услови (Банџо Ѓорѓи, 1984)
  11. Унапредување на производството на пивски јачмен во СР Македонија (Ангелов Иван, 1984)
  12. Создавање на нови сорти градинарски култури – домати, кромид, боранија (Симонов Драган, 1985)
  13. Истражување во областа на унапредувањето на производството на пченка во СРМ (Корнети Дијаманди, 1985)
  14. Создавање – селекција на нови сорти мека пченица Tr. aestivum spp. vulgare – за интензивни и послабо интензивни реони со повисок принос и подобар квалитет на зрното во споредба со сортите пченица кои сега се одгледуваат (Оровчанец Илија, 1985)
  15. Создавање на нови сорти повеќегодишни фуражни култури и висока власатка со поголем производен потенцијал (Банџо Ѓорѓи, 1985)
  16. Испитување на квалитетните својства на семето од поважните земјоделски култури (Поповска Павлина, 1985)
  17. Селекција на домати за рано полско производство (Алаџајков Лазар, 1985)
  18. Проучување на биологијата, технологијата и агротехниката на одделни сорти и хибриди хмељ во услови на СРМ (Гагачев Вангел, Иљовски Илија, 1986)
  19. Истражување на можноста за ширење на културата сирак во СРМ (Корнети Дијаманди, 1987)
  20. Унапредување на производството на градинарските култури (Јанкулоски Данаил, 1988)
  21. Создавање на нови сорти пролетна пченица (Ангелов Иван, 1988)
  22. Проучување на агроеколошките услови за производство на повеќегодишни фуражни култури во СРМ (Ивановски Петре, 1988)
  23. Истражување во областа на унапредување на житните култури (Корнети Дијаманди, 1989)
  24. Создавање на нови генетски капацитети тврда пченица Tr. durum со голема продуктивност и висок квалитет (Ангелов Иван, 1989)
  25. Создавање на нови сорти мека пченица Tr. aestivum со висок принос и висок квалитет (Иваноски Милисав, 1989)
  26. Испитување на квалитетните својства на семето од одделни житни култури (Младеновски Трајче, 1989)
  27. Истражувања во областа на унапредување на производството на пченка (Корнети Дијаманди, 1989)
  28. Меѓувидова хибридизација применета во обларогодување на житните култури (Најчевска Цветанка, 1989)
  29. Истражување на можноста за подобрување на фуражното производство во услови на СРМ (Ивановски Петре, 1990)
  30. Проучување на технолошки решенија за подигање на вештачки тревници во ридско-планинските подрачја (Банџо Ѓорѓи, 1990)
  31. Интензивирање на поледелското производство преку рационално користење на системот за наводнување (Иљовски Илија, 1990)
  32. Истражување на агроеколошките фактори и проучување на нови техничко-технолошки решенија за одгледување на втори култури во СРМ (Лозановски Ристо, 1990)

б) ООЗТ Институт за лозарство и винарство

  1. Испитување на интродуцираните сорти во Институтот за лозарство и винарство (Пемовски Диме, 1978)
  2. Механизација на бербата на грозје од вински сорти винова лоза и нејзиниот одраз врз квалитетот на виното (Бошков Стојмен, Стаменковски Мите, 1978)
  3. Ефекти од употребата на некои хербициди во лозарството во СР Македонија (Пемовски Диме, Михајловиќ Драги, 1980)
  4. Производство на вина од некои интродуцирани сорти (Јарев Томе 1980)
  5. Хибридизација и создавање на нови сорти (Пемовски Диме, Бошков Стојмен, 1981)
  6. Согледување на можноста за осовременување на производството на лозов саден материјал (Пемовски Диме, Бошков Стојмен, 1981)
  7. Испитување на динамиката на боените и другите материи на вината добиени од некои црни вински сорти грозје во зависност од еколошките услови во СР Македонија (Јарев Томе, 1983)
  8. Влијание на интензитетот од оштетувањето од град врз приносот и квалитетот на грозјето кај некои вински и десертни сорти винова лоза (Пемовски Диме, Бошков Стојмен, 1984)
  9. Испитување на квалитетот на вината во зависност од технологијата на преработката од некои поважни црни сорти – Мерло и Вранец (Јарев Томе, 1984)
  10. Сивото гниење (Botrytis cinerea) на виновата лоза со посебен осврт на покасните десертни сорти и кај грозјето наменето за ладилниците (Михајловиќ Драги, 1984)
  11. Проучување на биолошките и стопанско-технолошките својства на интродуцираните новостворени перспективни сорти винова лоза (Пемовски Диме, 1985)
  12. Селекција и создавање на нови сорти винова лоза: стварање на поквалитетни десертни сорти винова лоза со покасен период на созревање на крупнозрнести десертни сорти (Пемовски Диме, 1986)
  13. Влијание на густината на садење и начинот на одгледување врз приносите, квалитетот на грозјето и производните резултати од одгледувањето на виновата лоза (Бошков Стојмен, 1986)
  14. Испитување на квалитетот на вината во зависност од технологијата на преработката од некои поважни вински сорти – Вранец и Мерло (Јарев Томе, 1986)
  15. Испитување на влијанието на разни вински садови врз квалитетот на обоените и белите вина (Јарев Томе, 1986)
  16. Испитување на хемискиот состав на винските сорти во различни виногорја во Македонија (Јарев Томе, 1987)
  17. Колекционирање, хибридизација и создавање вински и десертни сорти винова лоза, отпорни на болести и ниски температури (Бошков Стојмен, 1987)

в) ООЗТ Институт за овоштарство

  1. Најпогоден сортимент на круши во услови на производните подрачја на Охридско-Преспанскиот регион и во Повардарието (Ристевски Борис, 1978)
  2. Воведување во култура на капината, боровинката, шипот и калинката (Спировска Радмила, 1980)
  3. Современо одгледување на насади од круши, кајсии и јаболка (Ристевски Борис, 1981)
  4. Интродукција и селекција на некои овошни видови (Митревски Зоран, 1981)
  5. Современо производство на овошен саден материјал (Ристевски Борис, 1981)
  6. Рано производство на јагоди во полиетиленски тунели (Симовски Крсте, 1981)
  7. Вегетативно размножување на некои овошни видови со примена на стимулатори (Спировска Радмила, 1984)
  8. Современи системи за одгледување на лешникот на наклонети терени (Манушев Борис, 1985)
  9. Интродукција на цитруси во Македонија (Митревски Зоран, 1986)
  10. Интензивно производство на кајсии и бадеми (Ристевски Борис, 1987)
  11. Интродукција и селекција на нови перспективни овошни видови, сорти и подлоги (Ристевски Борис, 1987)
  12. Нови концепции за производство на квалитетно, здраво и евтино овошје (Ристевски Борис, 1990)

г) ООЗТ Институт за проучување на почвите

  1. Заштита и обнова на еродираните почви (Поповски Димитар, 1979)
  2. Педогенетски проучувања и изработка на почвена карта на СР Македонија (Поповски Димитар, 1981)
  3. Примена на хелатите од цинк, железо, кобалт, бакар и манган во исхраната на јаболката и крушите во СР Македонија (Стојковска Ангелина, 1981)
  4. Улогата на некои микроелемент (бор, молибден и др.) врз зголемувањето на приносите и нивните квалитети кај одредени култури во СР Македонија (Спасовски Коста, 1981)
  5. Мелиорации на солените почви во услови на наводнување (Филиповски Ѓорѓи, 1981)
  6. Состав и својства на почвата како предизвикувач на хлорозата кај виновата лоза и некои овошни видови во Тиквеш и мерки за нејзино сузбивање (Трпески Видоја, 1987)
  7. Исхрана капка по капка во затворени и отворени простори на некои градинарски и овошни култури (Спасовски Коста, 1987)
  8. Педогенетски проучувања и изработка на основна почвена карта на СФРЈ – почвите и секциите Кавадарци 2 и 4, Струмица-Гевгелија 1 и 3 (Поповски Димитар, 1988)
  9. Содржина на олово и цинк во почвата кај некои земјоделски култури во зависност од оддалеченоста од загадувањето (Џекова Марија, 1988)
  10. Микро и макроелементи како параметри во плодноста на почвата за рационално ѓубрење (Спасовски Коста, 1988)
  11. Упатство за бонитирање на почвите и избор на примарни (огледни) бонитетни земјишта во РМ (Поповски Димитар, Петковски Диме, 1989)

д) ООЗТ Институт за заштита на растенијата

  1. Осетливост на некои линии и сорти пченица кон пепелницата (Мицковска Василка, 1980)
  2. Економски поважни болести и штетници во оранжерското градинарство (Мицковска Василка, 1984)
  3. Кореново гниење кај тутунот, доматите и пиперот (Мицковска Василка, 1984)
  4. Заштита на лозата од болести и штетници (Пејчиновски Филип, 1984)
  5. Проучување на поважните причинители на болести и штетници во овоштарството (Михајловиќ Драги, 1985)
  6. Габни заболувања на овошните и градинарските растенија (Михајловиќ Драги, 1989)
  7. Болести и штетници кај маслодавната репка во СР Македонија и можност за нивно сузбивање (Анчев Ефтим, 1990)
  8. Фитопатогени габи од родот Phytophtora како причинители на заболувања кај градинарските растенија (Трајчевски Танас, 1990)

VI. ЈНУ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ – СКОПЈЕ

а) Проекти и теми финансирани од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство од 1998 до 2001 година

  1. Унапредување на квалитетот на грозје и вино кај индивидуалните производители во РМ (Бошков Стојмен, 1998)
  2. Ширење на нови економски позначајни овошни видови, сорти и подлоги во Р. Македонија (Спировска Радмила, 1998)
  3. Erwinia amylovora (Burrill) Winslow et al. – Причинител на бактериската пламеница на овошките во Република Македонија, со посебен осврт на мерките за заштита (Трајчевски Танас, 1998)
  4. Примена на интегрална заштита посебно на биолошки методи за сузбивање на штетните инсекти и болести во раноградинарското (пластеничко) производство за добивање на еколошки здрава храна (Банџо Слободан, 1998)
  5. Интегрална заштита на растенијата од болести и штетници (Јованчев Петар, 1999)
  6. Интегрална заштита од плевели во оризо-производството и можност за производство на здрава храна (Томева Елизабета, 1999)
  7. Банка на гени на нивски земјоделски култури (Николовски Михајло, 2000)
  8. Проучување на мерките за заштита на пиперот од нападот на фитопатогената габа Phytophthora capsici Leonian – причинител на пламеницата на пиперката (Трајчевски Танас, 2000)
  9. Матични лозови насади од безвирусен клонски саден материјал од перспективни бели и црни вински сорти (Бошков Стојмен, 2001)
  10. Матични лозови насади од безвирусен клонски саден материјал од подлошки (Бошков Стојмен, 2001)

б) Проекти и теми финансирани од Министерство за наука од 1991 до 2001 година

  1. Селекција на пиперки (Јанкуловски Данаил, 1991)
  2. Генетика на отпорност на оризот спрема Pyriruralia oryzae (Каров Илија, 1991)
  3. Испитување и воведување на нови сорти хибриди од градинарски култури (Туџаров Тодор, 1992)
  4. Можности за производство на врвни и розе вина во Република Македонија (Бошков Стојмен, 1992)
  5. Создавање на нови сорти од житни култури (Корнети Дијаманди, 1992)
  6. Создавање на раностасни хибриди пченка (Корнети Дијаманди, 1992)
  7. Создавање на нови генетски капацитети тврда пченица Tr. durum со поголема продуктивност и висок квалитет (Ангелов Иван, 1992)
  8. Создавање на нови сорти мека пченица Tr. aestivum со висок принос и висок квалитет на зрно (Иваноски Милисав, 1992)
  9. Унапредување на земјоделското производство со примена на рационално наводнување (Иљоски Илија, 1992)
  10. Фитопатогени габи од родот Phytophtora како причинители на растителни болести во РМ (Трајчевски Танас, 1992)
  11. Проучување на сивото гниење Botrytis cinerea со посебен осврт на условите за чување на грозјето во ладилниците и можности за сузбивање (Михајловиќ Драги, 1992)
  12. Селекција на семепроизводство на сончоглед (Самарџиски Владо, Младеновски Трајче, 1994)
  13. Економски поважни болести, штетници и плевели кај градинарските култури со посебен осврт на доматите (Јованчев Петар, 1994)
  14. Селекција и семепроизводство на боранија (Туџаров Тодор, 1994)
  15. Унапредување на производството на кромид (Симонов Драган, 1994)
  16. Селекција на ориз (Наумова Бисерка, 1994)
  17. Педогенетски истражувања и изработка на педолошка карта на Македонија R 1:50 000 (Петковски Диме, 1995)
  18. Унапредување на производството на домати (Туџаров Тодор, 1995)
  19. Создавање на нови сорти кај коскестите овошни видови (Спировска Радмила, 1995)
  20. Интродукција, колекционирање и проучување на производните и технолошките својства на новостворени и перспективни вински, десертни и безсемени сорти (Бошков Стојмен, 1995)
  21. Проучување на причините на венењето и сушењето (апоплексија) на виновата лоза во Република Македонија и мерки за сузбивање и спречување од понатамошно ширење (Михајловиќ Драги, 1995)
  22. Можности за создавање на квалитетни и врвни вина во Р. Македонија (Војноски Боримир, 1995)
  23. Создавање на нови сорти мека пченица Tr. aestivum spp. vulgare со поголема биолошка пластичност (Иваноски Милисав, 1995)
  24. Создавање на нови сорти тврда пченица (Ангелов Иван, 1995)
  25. Создавање на нови хибриди пченка (Корнети Дијаманди, 1995)
  26. Фитопатогени габи од родот Phytophtora како причинители на растителни болести во РМ (Трајчевски Танас, 1995)
  27. Нови биотехнолошки методи во репродукција на растенијата (Поповски Христо, 1997)
  28. Проучување на некои квалитетни својства на семето пченица во зависност од агроеколошките услови на одгледување во Р. Македонија (Младеновски Трајче, 1997)
  29. Селекција на ориз (Најчевска Цветанка, 1997)
  30. Селекција и унапредување на фуражното производство (Банџо Катерина, 1997)
  31. Интегрално производство на грозје и вино со виножито квалитет – еко вино (Војноски Боримир, 1997)
  32. Создавање и ширење на нови хибриди пченка во Република Македонија (Корнети Дијаманди, 1998)
  33. Создавање на нови генотипови пиперки (Јанкуловски Данаил, 1998)
  34. Создавање на нови сорти мека пченица со поголема биолошка пластичност (Иваноски Милисав, 1998)
  35. Создавање на нови сорти тврда пченица Tr. durum (Ангелов Иван, 1998)
  36. Можности за создавање на квалитетни и врвни вина во Р. Македонија (Војноски Боримир, 1998)
  37. Интродукција, колекционирање и проучување на производните и технолошките својства на новостворени и перспективни вински, десертни и безсемени сорти (Бошков Стојмен, 1998)
  38. Пратење на содржината на тешки метали во почвата, растенијата и водата за наводнување во Кочанско Поле и Овче Поле (Петковски Диме, 1998)
  39. Влијание на начинот и времето на користење на азотот врз приносот и квалитетот на зрното кај две сорти ориз и содржината на пристапен манган и магнезиум во оризовите почви (Спасеновски Мирко, 1998)
  40. Унапредување на производството на домати (Туџаров Тодор, 1998)
  41. Erwinia amylovora (Burrill) Winslow et al. – Причинител на бактериската пламеница во Р. Македонија со посебен осврт на мерките за заштита (Трајчевски Танас, 1999)
  42. Проучување на причините на венењето и сушењето (апоплексија) на виновата лоза во Република Македонија и мерки за сузбивање и спречување од понатамошно ширење (Михајловиќ Драги, 1999)
  43. Селекција на сорти од различни типови на кромид (Симонов Драган, 2000)
  44. Нови биотехнолошки методи во репродукција на растенијата (Ангелова Елизабета, 2000)
  45. Создавање на нови сорти ориз со хибридизација меѓу географски оддалечени родителски форми (Најческа Цветанка, 2000)
  46. Долговечност на семето пченица (Младеновски Трајче, 2001)
  47. Создавање на нови сорти тврда пченица (Ангелов Иван, 2001)
  48. Селекција на нови сорти мека пченица меѓу дивергентни родителки форми (Иваноски Милисав, 2001)
  49. Создавање на нови сорти пченка (Корнети Дијаманди, 2001)
  50. Создавање на нови генотипови на пиперка (Јанкуловски Данаил, 2001)
  51. Систематска контрола на плодноста на почвата како услов за рационално ѓубрење и производство на еколошки здрава храна (Петковски Диме, 2001)
  52. Селекција и создавање на нови генотипови кај некои овошни видови (Спировска Радмила, 2001)
  53. Можности за создавање на квалитетни и врвни вина во Р. Македонија (Бошков Стојмен, 2001)
  54. Интродукција, колекционирање и проучување на производните и технолошките својства на новостворени и перспективни вински, десертни и безсемени сорти (Бошков Стојмен, 2001)
  55. Проучување на причинителите за сушење и пропаѓање на гроздовите кај сортата Бургундец црн во некои лозарски подрачја во РМ и мерки за сузбивање и спречување на понатамошно ширење (Михајловиќ Драги, 2002)
  56. Морфолошки и фитоценолошки истражувања на плевелите во агросистемите во Скопската котлина (Мулев Милто, 2002)
  57. Создавање на нови генотипови на домати (Туџаров Тодор, 2002)
  58. Создавање на нови сорти ориз со хибридизација меѓу географски оддалечени родителски форми (Најчевска Цветанска, 2002)
  59. Продолжителни дејства на минералните ѓубрива врз приносот и квалитетот на оризот (Јекиќ Милан, 2002)
  60. Осовременување на сортиментот и проучување на биолошко-стопанските својства на некои економски значајни овошни видови и добивање на елитен посадочен материјал (Ангелова Елизабета, 2002)
  61. Селекција и создавање на нови генотипови кај некои овошни видови (Ангелова Елизабета, 2003)
  62. Интродукција, колекционирање и проучување на производните и технолошките својства на новостворени и перспективни вински, десертни и безсемени сорти (Бошков Стојмен, 2003)
  63. Интегрална заштита на јаболката и крушата со посебен осврт на заштитата од бактериската пламеница (Трајчевски Танас, 2003)
  64. Фауната на Diptera brachycera на оризот во Македонија со посебен осврт на штетните и предаторски видови (Банџо Слободан, 2003)
  65. Селекција на нови сорти мека пченица меѓу генетско дивергентни родителски форми (Иваноски Милисав, 2004)
  66. Создавање и ширење на нови хибриди пченка во РМ (Николовски Михајло, 2006)
  67. Создавање на нови генотипови на ориз со класични и можност за примена на современи методи (Илиевска Верица, 2006)
  68. Создавање и селекција на нови генотипови на градинарски култури (Попсимонова Гордана, 2006)
  69. Инокулација на семе од поважните фуражни култури како начин за максимална азото фиксација и имплементација во органското производство (Кратовалиева Сузана, 2006)
  70. Систематска контрола на плодноста на почвата како услов за рационално ѓубрење и производство на здравствено исправна храна (Петковски Диме, 2006)
  71. Вегетативно размножување на подлоги за овошни видови и винова лоза и селекција на сорти (Димовска Виолета, 2006)
  72. Производни и технолошки карактеристики на некои интродуцирани сорти и клонови винова лоза и утврдување на квалитетот на виното (Војноски Боримир, 2006)
  73. Микроразмножување на подлоги од јаболчести и коскести овошни видови и сорти од јагоди за производство на сертифициран саден материјал (Русевски Раде, 2007)
  74. Тешки метали во животната средина како последица на поранешни рударски и металуршки активности (Цветковиќ Јулијана, 2007)
  75. Влијание на биостимулатори врз степенот на контаминација со тешки метали на агроеко-системите и можност за ремедијација (Цветковиќ Јулијана, 2009)
  76. Влијание на времетраењето на наводнувањето и одводнувањето на оризот по фазата метличење врз времето на жетвата, приносот на арпа и бел ориз (Андреевска Даница, 2009)

VII. ЗАВОД, ИНСТИТУТ, ОДДЕЛ ЗА ЛОЗАРСТВО И ВИНАРСТВО

а) Инвестициони програми за подигање на лозови насади изработени во Заводот, Институтот за лозарство и винарство – Скопје од 1969 до 1990 година

Учесници:

Пемовски Д.; Бошков С.; Петровски Ѓ.; Војноски Б.; Божиновиќ З.; Христов П.; Доневски Д.; Михајловиќ Д.; Банџо С.; Јовановски Д.; Ристевски Р.; Наумова Ц.; Ангеловска М.; Малинов Т.; Георгиев Б.; Цимбуровски Б.; Јањиќ М.; Затковски Н.; Димчев Н.; Христова П.; Илиева Н.; Аврамовска Р.

  1. Инвестициона програма за подигање на 192 ha лозов насад на ЗИК „Црвена Ѕвезда“ Штип – 1969 година
  2. Инвестициона програма за подигање на 380 ha лозов насад на ЗИК „Винојуг“ Гевгелија – 1969 година
  3. Инвестициона програма за подигање на 100 ha лозов насад на ЗИК „Плодно поле“ с. Хамзали – Струмица – 1969 година
  4. Инвестициона програма за подигање на 130 ha лозов насад на ЗИК „Струмица“ с. Василево – Струмица – 1969 година
  5. Инвестициона програма за подигање на 300 ha лозов насад на АК „Тиквеш“ Кавадарци – 1969 година
  6. Инвестициона програма за подигање на 217 ha лозов насад на ЗК „Прогрес“ Прилеп – 1969 година
  7. Инвестициона програма за подигање на 500 ha лозов насад на ЗИК АК „Тиквеш“ Кавадарци – 1971 година
  8. Инвестициона програма за подигање на 250 ha лозов насад на ЗИК „Струмица“ Струмица – 1971 година
  9. Инвестициона програма за подигање на 250 ha лозов насад на ЗИК „Прилеп“ Прилеп – 1972 година
  10. Инвестициона програма за подигање на 300 ha лозов насад на ЗИК „Винојуг“ Гевгелија – 1972 година
  11. Инвестициона програма за подигање на 100 ha лозов насад на ЗК „Венец“ Долни Дисан – 1973 година
  12. Инвестициона програма за подигање на 260 ha лозов насад на ЗИК „Струмица“ Струмица – 1975 година
  13. Инвестициона програма за подигање на 300 ha лозов насад на АК „Тиквеш“ Кавадарци – 1975 година
  14. Инвестициона програма за подигање на 200 ha лозов насад на ЗИК „Кочанско поле“ Кочани – 1975 година
  15. Инвестициона програма за подигање на 232 ha лозов насад на „Винарска визба“ Охрид – 1976 година
  16. Инвестициона програма за подигање на 300 ha лозов насад на ЗИК „Прилеп“ Прилеп – 1977 година
  17. Инвестициона програма за подигање на 300 ha лозов насад на ЗИК „Изворски“ Богданци – 1977 година
  18. Инвестициона програма за подигање на 300 ha лозов насад на ЗИК „Анска река“ Валандово – 1977 година
  19. Инвестициона програма за подигање на 130 ha лозов насад на „Винарска визба“ Охрид – 1978 година
  20. Инвестициона програма за подигање на 450 ha лозов насад на ЗИК „Пелагонија“ с. Новац – Битола – 1978 година
  21. Инвестициона програма за подигање на 500 ha лозов насад на АК „Тиквеш“ Кавадарци – 1978 година
  22. Инвестициона програма за подигање на 200 ha лозов насад на ЗИК „Лозар“ Битола – 1978 година
  23. Инвестициона програма за подигање на 300 ha лозов насад на ЗИК „Силекс“ Кратово – 1978 година
  24. Инвестициона програма за подигање на 70 ha лозов насад на „Југотутун“ Виница – 1978 година
  25. Инвестициона програма за подигање на 300 ha лозов насад на РОЗП „Душан Кириќ“ Росоман – 1980 година
  26. Инвестициона програма за подигање на 400 ha лозов насад на ЗИК „Анска река“ Валандово – 1980 година
  27. Инвестициона програма за подигање на 400 ha лозов насад на ЗИК „Винојуг“ Гевгелија – 1980 година
  28. Инвестициона програма за подигање на 200 ha лозов насад на ЗИК „Струмица“ Струмица – 1980 година
  29. Инвестициона програма за подигање на 300 ha лозов насад на ЗИК „Радовишко поле“ Радовиш – 1980 година
  30. Инвестициона програма за подигање на 500 ha лозов насад на ЗИК „Изворски“ Богданци – 1980 година
  31. Инвестициона програма за подигање на 210 ha лозов насад на ЗИК „Радовишко поле“ Радовиш – 1980 година
  32. Инвестициона програма за подигање на 350 ha лозов насад на ЗИК „Куманово“ Куманово – 1980 година
  33. Инвестициона програма за подигање на 50 ha лозов насад на ЗИК „Скопско поле“ Скопје – 1980 година
  34. Инвестициона програма за подигање на 100 ha лозов насад на ЗПО „Момин преслап“ Виница – 1981 година
  35. Инвестициона програма за подигање на 11 ha лозов насад на ЗЗ „Напредок“ Струга – 1987 година
  36. Инвестициона програма за подигање на 50 ha лозов насад на „Дримкол“ Вевчани – 1987 година
  37. Инвестициона програма за подигање на 200 ha лозов насад на РО „Венец“ Долни Дисан – 1988 година
  38. Инвестициона програма за подигање на 100 ha лозов насад на ЗИК „Винојуг“ Зора – Гевгелија – 1988 година
  39. Инвестициона програма за подигање на 100 ha лозов насад на ЗИК „Струмица“ Плодно поле – Струмица – 1988 година
  40. Инвестициона програма за подигање на 100 ha лозов насад на ЗИК „Струмица“ с. Василево – Струмица – 1988 година
  41. Инвестициона програма за подигање на 21 ha лозов насад на ЗЗ „Мирко Делев“ Негорци – 1990 година
  42. Инвестициона програма за подигање на 110 ha лозов насад на ЗЗ „Црноречие“ Кавадарци – 1990 година
  43. Инвестициона програма за подигање на 50 ha лозов насад на ПОС „Кочанско поле“ Кочани – 1990 година
  44. Инвестициона програма за подигање на 51 ha лозов насад на „Институт за лозарство и винарство“ Скопје – 1990 година

б) Елаборати за вина со заштитено географско потекло изработени во одделот за лозарство и винарство од 1981 до 2001 година

Учесници:

Пемовски Д.; Бошков С.; Петровски Ѓ.; Војноски Б.; Божиновиќ З.; Јарев Т.; Христов П.; Михајловиќ Д.; Петков М.; Миланов Г.; Бошков К.; Петковски Д.; Марковска Б.; Јевтимова В.; Марковска С.; Наумова Ц.; Серафимова А.; Ночкова Л.; Даскалова П.; Христова П.; Илиќ-Попова С.; Тасевска П.; Јоксимовски Д.; Затковски Н.; Мијалчев Д.

  1. Винарска визба „Тиквеш“ – Кавадарци

Квалитетни вина: Демиртор црн, Тиквешко црно, Теран, Мечкин дол, Кратер, Прокупац, Самоток, Траминец, Белан, Александрија црвена, Жилавка, Смедеревка, Ризлинг, Демиртор розе, Кавадарка, Витач, Копач, Маквин розе, Александрија бела, Кантри црвено, Шардоне, Семијон, Темјаника, Бургундец бел, Кантри бело, Бургундец црн, Мерло, Каберне совињон, МРР Кратошија

Трпезни вина: Смедеревка, Вранец

Врвни вина: Т`га за југ

  1. Винарска визба „Повардарие“ – Неготино

Квалитетни вина: Неготинско црно, Антигона, Неготинчан, Жилавка, Демиркаписко бело, Маквин розе

  1. Винарска визба „Анска река“ – Валандово

Квалитетни вина: Маквин розе, Ружица, Смедеревка, Жилавка, Вранец, Р. Ризлинг

Трпезни вина: Смедеревка, Вранец

  1. Винарска визба „ЗИК Струмица“ – Струмица

Квалитетни вина: Ружица, Смедеревка, Вранец, Тиверија, Прокупец, Гаме, Жилавка, Маквин розе

Трпезни вина: Смедеревка, Вранец, М. Хамбург

  1. Винарска визба „Демир Капија“ – Демир Капија

Квалитетни вина: Смедеревка, Белан, Вранец

  1. Винарска визба „Радовишко поле“ – Радовиш

Квалитетни вина: Смедеревка, Жилавка, Вранец, Рекацители

  1. Винарска визба „Винојуг“ – Гевгелија

Квалитетни вина: Вранец, Маквин розе, Дојрана, Дојран, Јонка, Смедеревка, Р. Ризлинг

Трпезни вина: Мускат Хамбург, Смедеревка

  1. Винарска визба „Винил“ – Штип

Квалитетни вина: Вранец, Самоток, Астибо, Кратошија, Божур, Белан, Смедеревка, Ризлинг

  1. Винарска визба „АК Џумајлија“ – Лозово

Квалитетни вина: Овчеполски Вранец, Тоска, Жилавка, Смедеревка, Мерло, Бургундец црн, Рекацители, Жупљанка

Трпезни вина: Смедеревка, Вранец

  1. Винарска визба „Лозар“ – Битола

Квалитетни вина: Бургундец, Ризлинг, Шпон, Мерло, Прокупец

Трпезни вина: М. Хамбург

  1. Винарска визба „Билјана“ – Охрид

Квалитетни вина: Гаме, Цар Самоил, Мерло, Ружица, Орхидија

  1. Винарска визба „Лозар“ – Велес

Квалитетни вина: Вранец, Плавец мал, Ружица, Шардоне, Теран, Кратошија, Мерло, Р. Ризлинг, Смедеревка, Велешко бело, Жилавка, Кавадарка, Каберне Совињон, Бургундец црн

  1. Винарска визба „ЗИК Куманово“ – Куманово

Квалитетни вина: Кумановско црно, Гаме, Вранец, Мускат Отонел, Ризлинг, Совињон

  1. Винарска визба „Сковин“ – Скопје

Квалитетни вина: Вранец, Теран, Мерло, Прокупац, Смедеревка, Маквин розе, Рекацители, Семијон

Трпезни вина: М. Хамбург