MK | EN

ИНСТИТУТОТ во периодот 1927-1944

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ – СКОПЈЕ е една од најстарите научноистражувачка организација од областа на земјоделството во Република Македонија. Основите на институтот се поставени уште од далечната 1927 година од тогашниот околиски расадник во Скопје се формира Агроботаничкиот отсек. Во периодот од 1929 до 1944, Агроботаничкиот отсек поминува низ неколку фази на организациски промени. Во  1929 формирано е “Огледна и селекциона пољопривредна станица” со две одделенија. Во 1933 се формира “Пољопривредна огледна и контролна станица” и дополнителни одделенија. Во текот на Втората светска војна, во време на окупацијата, Агроботаничкиот отсек е преименува во “Институт за земјоделство”. По ослободувањето на Македонија, на 15 декември 1944 формиран е Земјоделскиот институт на Народна Република Македонија, која дата се смета и како официјална дата на формирање. Институтот со низа промени на своето име работи и постои се до денес.

Млади агрономи во Македонија