Услуги и истражувања

Апликативна дејност

Апликативната дејност на Земјоделскиот институт се состои од следниве активности:
– Стручни и здравствени прегледи на семенски посеви, испитување на квалитетот на семето, како и чување и одржување на дефинитивни примероци од видови и сорти земјоделски растенија – ген банки;
– Стручен и здравствен преглед на овошен и лозов саден материјал;
– Постконтролни испитувања, сортни испитувања и др.;
– Биолошки, физички и хемиски испитувања на препарати;
– Хемиски анализи на вино, грозје, дестилати и алкохолни пијалоци наменети за увоз и извоз;
– Хемиска анализа на вештачки ѓубрива;
– Анализа на вина за дегустација, внатрешен промет и др.;
– Лабораториска анализа и издавање на сертификат за квалитет на белиот ориз и суровиот ориз;
– Издавање на уверение за признавање на право за овластен корисник на заштитен географски назив со ознака за потекло “кочански ориз”; и
– Педолошки и агрохемиски анализи.