Д-р Виктор Ѓамовски

Редовен професор

Проф. д-р Виктор Ѓамовски дипломирал во 2000 год. на Факултетот за земјоделски науки и
храна, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Факултетот за
земјоделски науки и храна, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2007 год.,
на тема: „ Избор на екотипови горчлив бадем (Amygdalus communis var. Amara) како подлога за
праска”. Докторирал во 2011 година на Факултетот за земјоделски науки и храна, при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на темата со наслов: „Проучување на
влијанието на различни слабо бујни подлоги врз порастот, приносот и квалитетот на
јаболката”. Од 2007 год. е вработен на Земјоделскиот институт во Скопје, како помлад асистент
во Одделот за овоштарство во Одделение за коскесто овошје. По магистрирањето во 2007 год.
е избран за асистент, а по докторирањето во 2011 година е избран за доцент. Во 2016 е избран за вонреден професор, а во 2021 година, за редовен професор. Во периодот од 2012 до 2019
год. бил раководител на Сектор за апликативна дејност на институтот, а од 2019 до денес е
директор на институтот.

Денес е редовен професор во Одделението за овоштарство.

Научно истражување остварува во областите: овоштарско производство, одржливо
земјоделство, растителни генетски ресурси и адаптација на земјоделството кон климатските
промени.

Изведува настава на втор циклус студии по предметите: Производни практики и проценка на
квалитет на органското производство, Климатска варијабилност и ранливост на органското
производствоо, Агробиодиверзитет и менаџмент на генетски ресурси.